Сабота, 28 Декември 2024    Печати
ОМД со конкретни предлози и договор со Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со гордост известува за високопродуктивната средба одржана вчера помеѓу претходниот Претседавач на Бордот на ОМД (2010-2022) и Потпретседател за Глобални Операции Стојан Николов и Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова. На средбата беа присутни и Гордан Јорданов, Директор на ОМД за Македонија и Европа; Викторија Поповска, Алумни на ОМД Конгресната Програма Љубица Ачевска ; Ана-Марија Поповска, Алумни на програмата Родум од Македонија; и Стефани Николов, Практикант на ОМД за Меѓународна Политика и Дипломатија во 2024год.

За време на дискусијата, ОМД силно се залагаше за формирање на Претседателски Совет за Дијаспора за формализирање и зајакнување на врските меѓу Македонија и Македонците ширум светот. Ова советодавно тело ќе послужи како платформа за подобрување на соработката и искористување на огромната експертиза на поединци од дијаспората во клучните економско-општествени сектори. Дополнително, ОМД повика на подлабок ангажман на владините институции и иселениците, за да се подигне меѓународната позиција и застапеноста на Македонија.

Делегацијата на ОМД го истакна огромниот потенцијал на глобалната македонска заедница, нагласувајќи го нејзиниот придонес во области како што се лесна и тешка индустрија, инфраструктура, туризам, менаџмент и економскиот развој. ОМД ја истакна важноста од спремање на Македонците за лидерски улоги во растечката економија на нацијата за да се обезбеди долгорочен успех.

ОМД, исто така, предложи развој на активности за ангажирање на членовите од дијаспората во сите возрасни групи. Преку поттикнување на меѓугенерациската соработка, ОМД има за цел да ги искористи различните таленти и искуства на македонската заедница ширум светот за просперитет на нацијата.

Организацијата ја нагласи критичната улога на дијаспората во поттикнувањето на економскиот раст, зголемувањето на странските инвестиции и подигањето на глобалниот профил на Македонија.

Овој клучен состанок означува важен чекор кон отклучување на целосниот потенцијал на дијаспората да придонесе значајно за иднината на Македонија, како и ги поврзе своите најмлади во различни младински совети и меморијален центар каде иселениците ќе можат вечно да се сеќаваат на нивните фамилии и предци.

ОМД останува посветена на поттикнување партнерства кои ги премостуваат дијаспората и Македонија за заеднички успех како и се заблагодарува на Претседателката за нејзината посветеност и желба овие иницијативи да станат реалност во најскоро време, препознавајќи ја важноста и шансата на зајакнување на релациите со македонците ширум светот.