Вторник, 21 Јануари 2025    Печати
ОМД му честита на Претседателот Трамп и на Потпретседателот Венс за нивната инаугурација

mail copy copy

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечка непартиска организација која застапува повеќе од половина милион Американци со македонско потекло, му честита на Претседателот Доналд Џ. Трамп и на Потпретседателот Џ.Д. Венс за нивната инаугурација како 47-ми Претседател и 50-ти Потпретседател на Соединетите Американски Држави. Претседателот Трамп, кој претходно служеше како 45-ти Претседател, е вториот претседател на САД во историјата кој служи два повратни мандати, по Претседателот Гровер Кливленд.

„Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Претседателот Трамп и Потпретседателот Венс на приоритетни теми кои се клучниза САД и Американците со македонско потекло,“ изјави Претседавачот на Бордот на ОМД, Арџи Н. Беллио. „Ние сме подготвени да се залагаме за зајакнување на односите меѓу САД и Македонија и економските врски, да го унапредиме признавањето на придонесите на Македонците во американското општество и креираме политики преку новото политичко раководство кон Бугарија и Грција за нивната институционализирана дискриминација против македонските малцинства.“

Во рамките на одбележувањето на Денот на Мартин Лутер Кинг, ОМД ја истакнува својата посветеност кон еднаквоста, правдата и граѓанските права за сите, во согласност со визијата на д-р Кинг за свет без дискриминација и угнетување.

Приоритетите на ОМД спрема новата администрација меѓудругото го вклучува и следното:

Зајакнување на односите меѓу САД и Македонија: Унапредување на стратешкото партнерство помеѓу САД и Македонија за зајакнување на дипломатските, економските и безбедносните врски,

Човекови права за македонските малцинства: Решавање на дискриминацијата против македонските малцинства во Грција и Бугарија и заштита на нивните основни човекови права.

Договор за двојна даночна обврска: Поддршка на Договор за избегнување на двојна даночна обврска помеѓу САД и Македонија за елиминирање на двојното оптоварување за поединци и бизниси, поттикнувајќи посилни економски односи.

Програма за безвизен режим кон САД: Претставување на реални политики за вклучување на Македонија во Програмата за безвизен режим кон САД за олеснување на патувањата и за зајакнување на врските меѓу народите на двете нации.

Самоопределување и идентитет: Обезбедување на поддршка од САД за правото на Македонија на нејзиното уставно име (Република Македонија) и на самоопределување, вклучувајќи ја заштитата на македонскиот идентитет и јазик.

Месец на Македонско-Американското Наследство: Прогласување на септември како месец на Македонско-Американското наследство за признавање на историските и културните придонеси на Македонците во Америка и промоција на годишен прием во Белата куќа што ќе го слави овој успех.

ОМД со нетрпение очекува да изгради конструктивна соработка со администрацијата на Претседателот Трамп и Потпретседателот Венс, промовирајќи заедничка посветеност кон просперитетот, потврдувајќи ја геополитичката позиција на Македонија во Југоисточна Европа и заштитувајќи го нашето богато македонско културно наследство, идентитет и јазик.

Обединетата Македонска Дијаспора, со седиште во Вашингтон, САД, е водечка непартиска, невладина и некомерцијална организација која ги застапува македонските заедници ширум светот. Од 2004 година, ОМД ја промовира македонската култура, ги зајакнува меѓународните односи за Македонија и се залага за правата и достоинството на Македонците на глобално ниво.