|
||
| Честитка на „Македонска нација“ по повод Велигенските празнувања |
|
Воскресението Христово – Велигден е празник кога ја славиме победата на животот на смртта, светлината над темнината. Денот на Воскресението Христово преставува Божји дар, вистинска радост која ни го осветлува патот на недежда, љубовта, мирот, радоста и среќата во животот. Воскресението Христово преставува обединување околу верата и учењето Христово за милосрдието, праведноста, почитувањето и толеранцијата. Тоа е благородниот пат на Христовото учење од кој не треба да скршнуваме. Потребна ни е Христовата мир и љубов во нашите срца за да ја спознаеме вистината. Потребно ни е неговата верба и трпение за да ги надминеме сите меѓусебни недоразбирања и конфликти. Почитувајќи и тргнувајќи од Христовите пораки, Денот на Христовото воскресение е време кога треба да се просветлиме и братски да се прегрниме. Време е да се здружиме сите Македонци и во љубов да ја поддржиме Македонската православна црква која досега била и ќе биде носител на највисоките морални вредности. Само со почитување на овие вредности и љубов кон татковината можеме да добиеме простување и спасение. Само со верата во Бога, можеме да ја направиме Македонија посреќно место за живеење на сите нејзини граѓани.
Иако се случило во тајност, Христовото воскресение е историски настан кој со аргументи го посведочиле апостолите. Но, Христовото воскресение можат да го почуствуваат и да сведочат само духовно подготвените, а не оние кои се противници на Христовото учење. Отука само оние кои веруваат во Бога, само оние духовно просветлени можеа да го видат и почуствуваат Чудото на прочистувањето на фреските во македонската црква Св. Димитрија. Само тие можеа да ја сфатат пораката за враќање на корените на Христовата вера и пораката за единство на македонскиот народ кој Бог ни ја прати преку заштитникот на Македонците, Св. Димитрија. Прочистувањето на фреските за Цветници во храмот Св Димитрија, претставува Божји знак за обединување и помирување на Македонците, како единствен начин за зачувување на државата, името, јазикот и корените на библискиот македонски народ. Постојат лица кои го оспоруваат и негираат Воскресението, како што го негираат и македонскиот народ. За нив ништо не е свето, а анархијата и злото е единствен свет во кој можат да егзистиираат. Само вакви изроди, неверници и творци на злото, можат на ден пред Велигден, на најголемиот христијански празник, ладнокрвно да егзекутираат петмина, од кои четири деца на возраст од 20 години. Ниеден верник, без разлика на вероисповест вакво зло нема да направи. Простувањето, кое извира од љубовта и раѓа нова и зголемена љубов преставува единствено оружје против искушенијата на злото и непријателите, а тоа му дава најголема вредност на еден народ. Досега македонскиот народ простуваше, а сега пред овој голем незапамтен злостор, е исправен пред големо искушение. За да не постане соучесник на дивеењето на толпата и да го задржи владеењето на правото. Македонецот треба да одбере и да се обедини под светиот крст и етичките норми. Само така, обединети и сакајќи ја својата татковина, почитувајќи и бранејќи го правото, еднаквоста пред Уставот и законите, ќе го победи и прочисти злото од својата земја. Време е македонскиот народ да зачекори гордо и одговорно по патот на праведноста и чесноста. Зошто Воскресението Христово претставува возвишен дар исполнет со вистинска светлина, радост и среќа за македонскиот народ. Честит и вековит да е големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден и нека донесе во секој македонски дом мир, љубов, среќа и надеж во животот. Христос воскресе, навистина воскресе!,
|