|
||
| Спортската сала во Куманово ке биде именувана по Драган Богдановски |
|
Салата ќе ја користат 768-те ученици, но и спортисти од клубови кои активно тренираат. Изградена е по современи стандарди за енергетска ефикасност, има трибина со 400 седишта, реквизити за различни видови спортови, како и гардероби, туш-кабини, санитарни јазли и простории за опремата. - Отсега средношколците и спортистите ќе имаат нормално и модерно место каде да тренираат и да се реакреираат. Нема повеќе импровизација, нема повеќе малтретирање на учениците на часовите по физичко образование. Училиштето има нова спортска сала, со најсовремена спортска опрема, оспособена за повеќе видови спортови, истакна премиерот Никола Груревски, кој свечено го отвори новиот објект во кумановската населба Долно Којнаре.
Салата засега нема име, но Груевски навести дека можеби ќе биде именувана по Драган Богдановски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ кој потекнува од кумановскиот крај. Тој истакна дека намерата на Владата е Куманово да стане познат спортски центар и затоа, рече тој, во регионот две сали се веќе изградени (во СОУ „Киро Бурназ“ и салата „Панко Брашнаров“), а уште три се во план (во средното „Перо Наков“ и во основните училишта „Јероним Де Рада“ во село Черкезе и „Св Кирил и Методиј“ во село Романовце). Салата во средното „Гоце Делчев“ е доопремена со спортски реквизити, а планирани се и две тениски и неколку мултифункционални игралишта. |