И синоќа православните Македонци од Берлин и околината, исто како и лани, Воскресението Христово, го прославија во малата црквичка „Св. Богородица“, лоцирана на местото кое пред неколку години беше купено за изградба на божји храм на патронот на православната општина „Св. Климент Охридски“. На Велигденската полноќна литургија стасаа многумина, за разлика од другите празнични денови и обичните недели кога посетеноста е мала. Со запалените свеќи, според обичајот, трипати ја обиколија црквичката. Задоволни што повеќе не се во изнајмен божји храм и цврсто решени да ја изградат црквата „Св. Климент Охридски, која одамна е нивна определба и план.
„Црквата ќе се прави зашто е потребна. Има се’ повеќе Македонци, од старите и новите генерации, но и новодојдени на кои секако дека верата и местото каде ќе ја практикуваат им се важни“, е категоричен Блаже. И Слободанка се согласува дека на луѓето црквата им’ е потребна, но според неа треба да се биде и реален и да се води сметка за финансиската моќ на оние кои тука живеат. „Малата
Собиралиште на православните Македонци е малата црква „Св. Богородица“. црквичка е мала за празниците, но доволна за делниците. Но, ако се гради нова би требало да има поголем, дополнителен простор во кој би можеле да се собираме, да контактираме, да го сочуваме македонското, православното и традицијата“, дополнува Слободанка.
„Црквата ќе се гради и единствено има нејаснотии околу нејзиниот изглед“, за ДВ кажува и Душко Лазаревски, претседател на црковната православна општина „Св. Климент Охридски“ од Берлин. Тој ќе иницира расчистување на ова прашање на 11 мај, на заседанието на Европската епархија во Гетеборг. Зашто, како вели, секој од Берлин си има свое мислење каква и колкава црква треба, како архитектонски да се реши, како треба да изгледа, па ќе биде добро во донесувањето на одлуката и разрешувањето на дилемите да помогнат и надлежните од МПЦ. Но, ќе мора едновремено да се води сметка и за нејзино вклопување во просторот, а сепак да бидат задржани карактеристичните обележја.
Во моментов верниците се единствени дека црквата треба да се изгради, но целосно се различни мислењата каков треба да биде новиот објект.
„Треба поголема господова куќа! Тука сме 2000 Македонци.
И куќа не се гради брзо, а камо ли црква . Ние да ја почнеме градбата, па ако треба наредните генерации нека ја доправаат. Но, важно е да почнеме... Нема да е лошо доколку има и простории за клуб, за децата, наше катче“, смета Петруна, додека Аце е категоричен: „нормална, ни треба нормална црква. Господава куќа. Друга работа е дали може финансиски да се започне и заврши. Но, ако се има пари може се’ да се направи“.....
Свештеникот Огнен Атанасовски моментно е задолжен за црковните служби.