|
||
| Велигден е празник на љубовта и мирот и симбол на триумфот на животот над смртта |
|
Христијанството нè поучува на почитување на духовните вредности, но и на човекољубие и милосрдие, посочувајќи дека сите сме исти пред Бога и дека љубовта, почитувањето на различните, семејните вредности и човечката добрина секогаш се возвраќаат. Водени од оваа верба треба да ги продолжиме воспоставените вредности во Република Македонија на почитување на верските различности и на религиозните посебности, афирмирајќи ги човечноста и христијанските начела за мир и за заедништво. Честитајќи ви го најголемиот празник над сите празници, Велигден, ви посакувам добро здравје, духовен мир и спокој, додека на членовите на Синодот и на верниците од православна христијанска вероисповед им посакувам среќа, благослов и нека срцата на сите нас ни бидат исполнети со љубов и добрина. Христос воскресна!
д-р Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија |