Среда, 22 Февруари 2017    Печати
Масленица - руска Прочка во сабота во градот на Свети Никола

maslenica

Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Македонско-руската стопанска комора и Општина Свети Николе организираат прослава на рускиот празник Масленица (руска Прочка).

Прославата ќе се одржи на 25.02.2017 (сабота) на Градскиот плоштад во Свети Никола со почеток од 12:00 часот.

По традиционалното палење на големата кукла, посетителите ќе ги забавуваат македонските пејачи Димитар Андоновски, Влатко Лозановски и Александар Белов, и рускиот вокален ансамбл „Чајка“.

maslenica2

Масленица претставува испраќање на зимата и дочек на пролетта. Повеќе за Прочка, Масленица, Баба Марта и Ксантика можете да читате во книгата Имагинариум – Имагинариумот на Доктор Сонѕе.

Никола Ристевски