Среда, 21 Март 2018    Печати
МАКЕДОНИЈО - НЕ ТЕ ЗАБОРАВАМЕ

ivan-trposki-makedonija

Лелеци допираат душава ми ја горат

Во мислите бунтоваат со сонот се борат

Татковината моли не вика за спас

Да стиснеме тупаници и кренеме глас

Во земјата воскреснале лигуши и јуди

Браќата ги кодошат Господ да им суди

Кој посегна браќа јазик да ви сече

Да пркоси ѕверски живи да ве пече

Кој сака насилно и земја да ни земе

Куќа да му гори да му згасне племе

И земјата знае да плаче и рида

Кога над неа кула од коски се ѕида

О Господе златен дај ми малку сила

Да одлетам повторно во земјата мила

Да застанам гордо на нејзиното раме

И високо да го развеам македонското знаме

Да кликнам силно со воинствен глас

Македонијо, ние сме твои, сметај на нас

Татковино, наша си и на друг не те даваме

Македонијо, слушни не, ние не те забораваме

Иван Трпоски