Среда, 23 Мај 2012    Печати
Осветена црква во Трница, Маврово Ростуше

Trnica_maj_2012_7Со црковно-народен собир во месноста Трница, општина Маврово Ростуше беше осветена манастирската црква „Свети Никола летен“.

Со чинот на осветување чиноначалствуваше митрополитот Полошко-кумановски г.Кирил. Новоизградената црква е дел од манастирскиот комплекс, кој се гради изминативе 17 години со донации на верници, жители на населбата и фирми.

Владиката Кирил во својата беседа пред верниците и гостите нагласи дека ова е уште еден бисер на храмови кој е осветен  во годината кога се одбележува четири и пол децениското опстојување на обновената автокефалност на МПЦ ОА.

crkva-sv-nikola-mavrovo-i-rostuse

Trnica_maj_2012_5