Среда, 03 Септември 2014    Печати
Тодор Стефанов Јаковов

todor-stefanovВојводата Тодор Стефанов Јаковов (наречен Расим ) е роден во 1881 година во град Тетово, починал 12 Мај 1938 година во Софија.

Војводата Тодор Стефанов Јаковов (наречен Расим ) е роден во 1881 година во град Тетово. Како млад бил многу пргав, тој го убива тетовскиот катил Мехмед. По настанот бега во планина и се крие по македонските села.

За време на Илинденското востание успева да пренесе 25 коњи натоварени со оружје од Тетовско и Гостиварско за востаничките реони. Секоја чест за оваа голема храброст и пожртвуваност да се протнеш низ толкав реон низ толку аскер и башибозук, се со една цел за слободата на Македонија. Оружјето кое го донесол го предава на Иван Наумов Алабакот и по настанот се присоедионува кон неговата чета.

Во 1904 година сеуште е четник во четата на Иван Наумов Алабакот.

Со обединување на четите на војводата Иван Наумов Алабакот и војводата Боби Стојчев учествувале во борбата кај село Павлишенци – Кумановско.

За време на 1905 година со четата на Иван Наумов Алабакот се движи низ Велешко, Поречието, Крушевско, Кичевско, Прилепско, Битолско.

На 6 Август 1905 година повторно доаѓа до обединување на четите и тоа на поручник Пано Костадинов, Иван Наумов Алабакот, Ѓакон Евстатиј и Арсо Локвички во борбите кај село Крапа и Поречието со србоманските чети и османлискиот аскер.

Како резултат на големиот притисок од ренегатите на ВМРО кои се подложиле на српската пропаганда и убивале се пред себе доаѓа до обединување на четите на војводите Иван Наумов Алабакот, Ѓорѓи Сугарев, Пано Костантинов. Тие ги гонат србоманските чети и ги потиснуваат високо во планините.Најмногу борби се воделе кај село Ореше – Велешко и целиот Азот.

Во 1906 година Јаковов станува помошник војвода на Скопскиот војвода Васил Аџиларски каде зема учество во сите акции и борби, а во 1907 година го напушта Скопско. Покасно е самостоен војвода во Тетовскиот крај.

За време на балканските војни е определен за војвода на чета во Паланечко.По наредба на Централниот комитет четата на војводата Тодор Јаковов и сите други чети на организацијата биле расформирани и испратени во Македонско Одринското Ополчение – (Доброволство).

Војводата Тодор Јаковов учествувал во борбите кај Шаркој денешна Турција со свој вод како командир (подофицер) и при нападот на 26 Јануари 1913 година е тешко ранет.

Војводата Тодот Јаковов е македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење , Тетовски војвода на Внатрешната Македонска Одринска Револуционерна Организација.

После војната се населува во Софија и за својот живот заработува од занаетчиство.

Починал 12 Мај 1938 година во Софија.

ВЕЧНА СЛАВА НА ХЕРОЈОТ МАКЕДОНСКИ !

Влатко Билески