| Захарија Василева Шумљанска големиот добротвор и хуманист заборавена од македонската јавност.
Многу години пред Мајка Тереза, во Македонија постоело уште едно благородно срце кое за својата добротворна и хуманитарна дејност зад себе ќе остави неизбришливи траги кај македонскиот народ. Во првата половина на XX век, во знак на почитување и благодарност за нејзината грижа кон македонските сираци, болни и сиромашни, македонскиот народ ќе ја нарече Мајка Шумљанска.
|
|
| Среда, 13 Јули 2011 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Донка Ушлинова- војвода
|
| Донка Ушлинова (Смилево,Битолско, 21.XII.85 - Варна, Бугарија 27.VI.1937) - македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Во август 1902 година влегува во четата на Ресенскиот војвода Славејко Арсов и станува член на Македонската револуционерна организација. По Илинденското востание, Донка како доброволец на Македонско-одринското ополчение, учествува во Балканските војни, а подоцна и во Првата светска војна За време на битките таа равноправно се носи со мажите, а за покажаниот хероизам била одликувана со ордени за храброст и добила подофицерски чин. До крајот на својот живот таа била член на друштвото на резервни офицери на Варна „Другарски сојуз“, а ги негувала и родните идеали.
|
|
| Стефан Атанасов Ролев (с. Врбени, Леринско, 15.VIII.1865 – Битола, 24.XII.1969) – македонски револуционерен деец, војвода на ВМРО и еден од од најсестраните македонски спортисти на сите времиња. Бил член на ВМРО, атентатор, инструктор и војвода во Илинденското востание во 1903 година, во Леринско.
|
|
| Среда, 29 Јуни 2011 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Јордан Сиљанов – Пиперката
|
| Јордан Сиљанов – Пиперката (23. VI 1870 – 10. VIII 1903) – македонски револуционер, член и демирхисарски војвода на ТМОРО. Од 1897 година влегол во четата на војводата Дуко Тасев. На печалба во Бугарија за последен пат заминал во летото на 1900 година. Со Ѓурчин Наумов - Пљакот се враќаат во Македонија и дејствуваат илегално. Во 1901 година влегол во четата на Никола Русински, а од 15. VIII 1901 година станал демирхисарски војвода. Учествувал на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание. Тој е еден од најпопуларните и најопеаните македонски војводи во народните песни.
|
|
| Среда, 22 Јуни 2011 03:50 |
 |
 |
 |
|
| Дедо Иљо Малешевски
|
| Иљо Марков –Малешевски (Берово, 28. V 1805 – Ќустендил, 29. IV 1898) – македонски револуционер, ајдутски и востанички војвода. Честопати е именуван како „последниот македонски ајдутин“.
|
|
| Румена Ѓорѓиева Павлева (Павлова), (Румена војвода) (Ѓуешево, Ќустендилско, околу 1829 - Букурешт, Романија, околу 1895) - жена ајдутски војвода. Поради повеќе обиди за грабење и исламизирање, татко и рано ја омажил за Георги Шопа.
|
|
| Среда, 08 Јуни 2011 03:57 |
 |
 |
 |
|
| Ѓорѓи Евремов
|
| Ѓорѓи Димитров Ефремов (Кратово, 8.XII.1932 – Скопје, 6.V.2011) – биохемичар, генетичар, редовен професор на Замјоделскиот факултет во Скопје, македонски академик и научник на Македонската Академија за Наука и Култура (МАНУ).
|
|
| Среда, 01 Јуни 2011 03:43 |
 |
 |
 |
|
| Војводата Петар Чаулев
|
| Петар Чаулев (1882. Охрид, Македонија - 23.XII.1924, Милано, Италија) - бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител Македонската револуционерна организација. Тој е еден од позначајните личности во долгогодишната борба за ослободување на македонскиот народ.
|
|
| Методи Патчев (Охрид, 20. V 1875 – Кадино Село, Прилепско, 7. IV 1902) – бил македонски учител, револуционер и војвода на ТМОРО. Како учител работел во Охрид во 1896 година и во кичевското село Ехловец. Се активирал во ТМОРО и дејствувал во тој реон од 1897 до 1898 година.
|
|
| Крсте Гермов – Шаќир (Прилеп, 1875/6 – Скопје, 1962) – е македонски револуционер, деец на ТМОРО, мариовски војвода и народен јунак. Дејствувал во Мариово, на планината Ниџе и Кајмакчалан. Заедно со Толе-Паша, ликвидирал неколку османлиски зулумџии во Мариовско. Со своја чета зел учество во Илинденското востание во 1903 година. Османлиските власти го осудиле на 101 година робија.Учествувал и во Балканските војни во 1912 и 1913 година, а потоа емигрирал во Бугарија.
|
|
|
|