Среда, 20 Мај 2015    Печати
Сега е времето кога македонскиот народ треба да го направи вредно и достојно своето постоење во ова време во вечноста!

makedonija-vecna

“Ме мачат прокоби,
крвави играрии на векот.
Ни потопи ни суши,
не ќе ме слезат од височини.
Не смрт без слобода,
не без Македонија.
Та кој ми ја краде земјата,
и во очи ми ја фрла!
Кој ми го погани морето,
ѕвезди крвави ќе му потопам!
Овдека и тревка се бори,
за сонце и за слобода.
Овде и семето јачка,
во земјина утроба.
Крени се море, градобран биди
пред налет на стрели сараценски
смрт или слобода и за Бога,
одлука стравотна е
а камоли за овој народ унесреќен.
И ако умрам,
и не стигнам да ве опоменам
во природата, и надвор од неа
се што допрев и помилував,
ќе загрми!
А ако сите Вас, не ве збрав
на покрив на слободата,
и ако во себе не ја допрочитав,
вашата душа, се плашам да не ве измамат,
оти има лажно сонце,
и рана пролет среде зима тешка.
Па така да ги измами на видело,
вљубениците во слободата,
а потем на нишан да ги земе,
ете од тоа нам ни страдаат,
поколенијата...

МАКЕДОНИЈО, КОГА ќе те ПОМАКЕДОНЧИМЕ?? “