|

Виолета Сековска
Магла од прашина топот на коњите, царска војска – царска држава, Цар ја предводи.
Мажи силни, мажи стројни, мажи умни – Фаланга македонска за слава Достојна.
Меч в рака ум в глава, спремни за поход, Бог* пат им осветува, сонце пат им осветлува, шеснаесеткрако сонце, сите во срце носат.
Од победа во победа, се така во недоглед, војсководец наш голем, воздухот го отклучивме – Царот го вративме низ времето и просторот Александар Македонски на престолот го ставивме.
Секое време е свое време. Се родил во древнина, растел во минато – живее во сегашност. Не тагуваме по него та ние живееме со него.
Од тивкоста...од радоста... од болката... Ние го молиме минатото, што е напред, сегашното, што е сега и иднината назад. Ние сме Македонци! Ние знаеме кои сме! А Вие?
|