|
 Виолета СЕКОВСКА
Дал ни се слободни мислите, дал ни се слободни рацете? Македонци, Македонијо, во јазол врзани. Пред сто години земјата се скрши, небото посиве, облаци темни надвиснаа, судба македонска, судбина, Македонија како мома убава ја грабнаа... Едни глава и земаа, други раце, трети нозе, а четврти тело и поробија, сега сакаат срце да и откорнат, утроба да и уништат, Македонец да не се роди, јалова земјата да ја остават.
На север Македонија, на југ Македонија, на запад Македонија, на исток Македонија, денес Македонија со Македонија граничи.
Може ли маката да се измери болката може ли да се проголта, синови гинеле за татковци, татковци животи даваа за синови, во душа свети сонцето, во срцето се носи розетата.
Диви ѕверови минаа, рози изгазија... Но глава Македонци кренаа, во еден глас извикаа: -”Доста е крв пролевање, жртви веќе не даваме, Македонија обединета си ја сакаме!” |