|
Бродам по мојата распарчена земја Бродам а пот ме облева и капка по капка го натопува метежот на мојот неспокој Какви ли стии го украле овој убав ден, и дрвајата кои нечујно летаат крај патот, и голите карпи зјапнати како зинати усти Бродам по мојата распарчена земја Броди и сонцето нурнато во темните надвиснати облаци качувајќи се по Божјите скалила на виделината А ништо не е исто, сè се променило! - вели човекот крај патот засолнувајќи се од неколкуте неупатени, аздисани покрај него Жално плиска водата во Белото море Жално, милувајќи ја вжештената песок со чудни стапки и овде - онде по некоја престилка за некаков мир во џагорот на измешани сенки од разно-разни суети Бродам Бродиме како две украдени души Јас без моето Јас Тоа без своите зраци отсликано во туѓа боја
 МИРКО ТОМОВСКИ
|