|
Од страна некој крилја ни крши, сами со себе се правиме мрши. Доста ни било друг да не дели, родата секој сам да си мели.
Зар има негде поголем злочин, од своја глава да корнеш очи? Има ли сепак некаква надеж, наместо злоба љубов да дадеш?
Слушни го еднаш срцето ширно, за мир и спокој размисли мирно! Во земјава наша, тоа е можно, Македонски народ да живее сложно.
 Златко Бошевски
|