Среда, 27 Април 2016    Печати
Галебов крик

Темнината надвиснува над езерото.
Самоилова тврдина се огледува во мирните води.
Во далечината се соединуваат небото и езерските води,
А младата Месечина бара мирна лулкa,
за уште една ноќ да мечтае во спокој.
Самртната тишина ја нарушува галебов крик.
Тој неуморно надлетува над езерски води.
Се издига повисоко, за миг да испушти потажен крик.
За кого тажи овој бел галеб,
за својата бела галебица
или тажи за оваа земја,
за овој Македонски народ.
Во својот галебов крик ги повикува
Самоил, Климент, а можеби и  уште некој светец.
Во својот галебов крик моли,
довикува за помош,
за трошка среќа,
за Македонија.

jadranka-klisarova
Автор:
Јадранка Клисарова