Среда, 22 Јуни 2016    Печати
Грев

Вие немате право, сем онија таму горе,
да и судите за гревот,
што втуѓо гнездо се мушна,
тоа сал бесот прошепоте во нејзе,
посака бег од тупаницата на гневот,
предолго стоеше на работ
над вителот од прегладнетата бездна.

Немате право да и го вртите грбот,
без судник,да и распалувате клада,
на распетие да ја ковате без прошка,
со презир да и бодете тело,
за само срк слобода во омај,
за само касај топлина,
не поголема од трошка.

Вие немате право и колку да сте во право ,
на немоќта да и калемите тага
од очи солзи,да и корнете јантар,
пред вистината да и спуштате резе,
зошто и вас таму некаде горе
само можда ќе се позабави малку,
гревот и ваш ќе го измерат на кантар.

stojan-arsic
СТОЈАН АРСИЌ