Среда, 13 Јули 2016    Печати
Непокор

Ти земјо непокор што носиш,
илјадници лета за тебе се малку!
Испишани книги,страници,и карпи
исклесани цркви,ризници со злато...
Каде да се свртиш, светиш како Сонце
за тебе се пејат песни како славеј.
Планините ја кријат ,полињата ја мијат
твојата плодност, извира од сегде...
Кажи му на светов од југот
се крена Крстот да се носи ,
Православна вера  Христијанска стара
да се шири, да биде за навек...
Македонци твои насекаде ги дари
со ум и вредност Земјава ја красат.
Со имиња видни,Мои сонародници тие се драги!
Денес и утре, Македонци! ДА БИДЕМЕ ВЕЧНИ.

karolina-risteska
KAРОЛИНА РИСТЕСКА