|
Самовилите езерски, убави, молитва ви жална праќам, во мугрите неспокојни, кајчето трошно, подајте ми го!
Да го земам, во далечините да завеслам. Брановите во езерото на очите мои, да ги скротам! Солзите во синилото да ги исушам!
Лелекот во песната вековна да го претворам...
Токму таа песна, да ја запеам... Песна стара, од многу болки болна, од душата една скорната...
Лихнида, во мене од исконот заспана, да ја разбудам... Езерото сино, езерото мирно, Охридско, во очите да го влеам, тишината и мирот од него во мене да ги преселам...
 Снежана Алексиќ Станојловиќ
|