|
МИТРЕ МАНГОСКИ РАДОЖДАНСКИ
МАКЕДОНСКИ ВОИН
Зборовите се огновите на мислата антички пешаци гордо чекорат како небесно сини ѓердани во строј од Александар водени редови копјеносци,редови коњаници.
Столбовите на духот македонски крепат светлосни капители недопирливи арки - искресто лорандитни свечено глаголива порта од победониосни венци.
Јазиците од оган пред векови фучат носат надеж во вртлогот на битието, сенките од индиго се спуштаат рефлексија на воинот македонски одгатнува злобна клетва.
Коњанички тропот ја тресе земјата бунтовно напредува фалангата во жолтата жега на фатаморганата со страсната таинствена молитва за непобедливата Македонија.
Громогласен ветер наговестува стапки од воини македонски илјадници гордо кренати глави сонцето го слават на распеаната ѕвезда од Кутлиш.
Вечноста го разгледува и го лула кристалот на судбината, едно исто сме ние со светлината кога пее, носејќи го духот на победничкиот проблесок...
|