|
Се издолжив по Долги рид се довлечкав до Ѓоргиница се исправив на ширна орани се завртив окол-наокол со околеж широк да си ги приграбам Балканите, да си ја освојам Брсјачијата: Лубен пред мене, Пелистер зад мене- таткојнта; M а к е д о н и ј а. Ама,не! На сред пат ми се испречи сениште црно, гнасно,лигаво,смрдливо со очишта зацрвени, очакарени,разрогагачени, закрвени: - „Каде дрзнику?!“ - Да си ја видам планината. - Не можи! - Зошто?! Јас владеам со планините,со падините, со долините,со рудините, со ридојте.со висојте, со присојте цо осојте! Не ти ја земам... само да си ја вида коријата, да си прошетам низ чаршијата,дедојната и таткојната да си ја видам. - Не може беднику,разбираш?! Скокна,се истопори- краци октоподски испружи: ги затвори сите патишта и патчиња - „Реков:не можи! Ќе ми ја запалиш планинта! -Планина не се палии... не гори планината! - Шумата на планината ќе ми ја запалиш - моја е! - Т в о ј а???!!! ...Кога втаса да ми ја украдиш арамијо? Овие шуми војски разни ги газеле - никогаш не ги запалиле. Комити храбри крвав бој воделе, во нив живееле, огнови палеле- не ги запалиле. Десетици рупи гореле дунани-чадој до небо се извивале- искра настрана не прснала- шумата не се запалила и...не изгорела. -Ти ќе ми ја запалиш! - Јас ќе ја бранам од тебе и од твојте јадни и бедни гадој - потпалувачи. Избувна бесот наталожен, севна поглед-прекор, „заигра“патерицата со која си ги потпирав плеќите стари - згрбавени: краци растегнати му ги поткинав - го прегазив: Си ја присвоив планината прадедова,дедова,таткова, моја,твоја - наша: си ја спасив и д н и н а т а од душман клет што сакаше да ми ја убие, да ме избрка во туѓ с в е т.
 СЛАВКО КРСТЕВСКИ
|