|
Гордо исправи се! не коленичи, не барај милост Од тие кои одлучиле Да заминат, д а одлетаат И поразот прими го Како круна Ако совеста и света Ти се бистри Како сјајот на утринската роса. Исправи се! И соѕвездијата, понекогаш се разделуваат. И птиците од едно гнездо Се разлетуваат на разни правци. И јатото останува без сите сопатници Погледни! И птиците кога се разделуваат си даваат знак. Кој лета На кој правец И водите кога се разделуваат на водеделница се поздравуваат, можеби ќе се најдат во морето и океаните. Разделбите не треба да носат Порази и болки Достоинство и болките Прими го таинствено Како бодеж, Кој брзо одлетува.. Запомни Само достоинствените Храбрите создаваат големи дела Исправи се продолжи го патот! Кој го зацртавме, кон соѕвезздието. А ти да блескаш како ѕвезда. Раџделбата може да е и победа. И на поразениот.
 ВАНГЕЛКО ЛОЗАНОВСКИ
|