|
Горе на Шара, крај столетни стебла, извира извор, Вруток се вика.
Крај сенчести буки, и треперливи брези Протекува вода, ладна и чиста.
Името нејзино, гордост го краси. Водите нејзини, раскажуваат тајни, за врениња мрачни, за јунаци храбри.
ООО... Вардаре реко ти добра си и чедна. Твоите води,поеле поле Македонско жедно.
Многу години Вардаре реко: На јунаци смели, си миела рани, нежно и меко.
На Карпоша,реко храброст си му влила. На Страшо и Мирче рани си му мила, и на безброј јунаци, преградка си им дала.
ООО... Вардаре реко, Ти горда си и смела. Твоите води лечеле рани На јунаци! чеда Македонци горди.
Твоите води: Oд Шара, се спуштаат,течат, Се до градот Солун, во книги се пишуваат, во песни се пејат.
 ЗОРАН ПЕТРОВ
|