|
О, Боже, Ти што си не избрал за сува корка леб на оваа Земја на Балканот џенем, не давај не на виорите, на ветровите, не пуштај не во пороите... Не давај не на невремето што беснее и се спрема, спаси не од ѕверовите и лиотите во нас и околу нас: едни со други да не се јадеме, суви коски да не си глодаме... О, Боже, Ти што си не избрал на оваа наша света Македонска земја, те молам, о, Боже: спаси не од братска омраза, спаси не од бесот во нас, спаси не, о, Боже, просветли ни ум: рака брат на брата да не крене!
 19.12.2016 Панде Манојлов
|