|
(На предавниците на Македонија)
Да ви се плукнам... Да ви се плукнам на лицето извалкано на очите заслепени и ослепени.
Да им плукнам во очите на оние што ве зачнале и родиле да им плукнам на гробовите на оние што ви ги пренеле предавничките гени и да им плукнам в лице на оние што ве задоиле, учеле и советувале да го предадете и уништите светото а љубите туѓото повеќе од своето.
Да му се плукнам на ѓаволот што ве покорил и ве спрегнал да роварите по македонската земја. Да ви се плукнам....
 Душан Ристевски
|