Среда, 29 Март 2017    Печати
Жива е Македонија

eye of macedonia

Се родив со лелеци
и воздишки на мојата мајка
МАКЕДОНИЈА,
Со душа и срце  Македонско.
И првиот збор изговорен
Македонски воскресна,
И сите мисли со душа и тело
Македонски  печат ми ставија,
со аманет прадедовски,
и клетва мајкина,
Коренот од кој сум из'ртил
на Македонска почва
протегнал ластари,
на своето свето раѓање
со Евангелие и крст Господов.
Ветровите носени на питоми птици
дуваат од исток кон запад,
со молњи и огнени јазици Македонски.
Песните извираат од камени врутоци
во утробата на својата мајка,Македонка,
низ бистри кладенци
Македонски солзи пролеани.
Љубовта што ви ја подарувам
со полни срца благодатни,
во Божји храмови благословена.
Венец исплетен
со миризливи цветови,
брани од сите ридје и планини,
круна е на убоста Македонска.
Крвта врие,татни
со молњи во виорен пламен
Македонски распламнува.
И крикот на земја Ораница
се бунтува во нас,
се разлева на сите страни,
громогласно
ги прогонува сите демонски сили,
А крстот тежок ни беше
И сите небесни војски
со огнени кочии,
благословени од милоста
Господова
громогласно ќе воскреснат
со татнеж и врисок
Жива е Македонија!!!!

Живко Деспотоски