Среда, 21 Јуни 2017    Печати
ТРАГАЧИ ПО ЉУБОВ

i love macedonia

Бескрајни лавиринти
со камени фигури
на трагачите по љубов.
Заглавени во безизлез
талкачи низ ходниците
скаменети од чекање.
Со подадени раце во грч
и копнеење до болка
прегрнуваат празнина.
Клекнати на коленици
со недоречени молби
за љубовни трошки.
Со бигорливи солзи
капнати а неизлеани
по избраздените образи.
Јас и ти се’ уште живи
а меѓу нас ѕидови
од прекор и предрасуди.
Еден на друг судени
талкаме и се бараме
пред да се скамениме.
До последниот здив
со ветување да се чекаме
пред да се премолчиме.
Со незгаснати страсти
на крајот од лавиринтот
постоиме во незаборавот.
Не има во немирот
на откорнатите воздишки
таму под липовите сенки.

P. Христовска