Среда, 26 Јули 2017    Печати
Македонска

igraorki

Автор: Живко Деспотоски

Кога ги слушаш орото и
песната
Македонска,
во чекорите на Тешкото,
и ангелите се веселат,
земјата под нозе
трепери од возбуда
чиниш, сите води
подземни
во бранови разиграни.

И мртвите од восхит
те воспеваат
песно виорна
оро прадедовско,
од памтивек
земја татковинска,
низ бури, магли,
оган и меч
распламнати,
се' ведри насмевки
стројност ти
красат.

Гледај, изнагледај се
витки моми
убавина
племенита,
рака за рака во занес
песна и игра
чекори лесни,
чиниш самовилски ветар
ги разигрува,
и играта севишна им е.

Благословена си
Македонко,
од Бога дар дарена,
од мајка светица
родена,
до што е род и пород
Македонски
благослов
на родна земја
благословен.

Играјте чеда, играјте
сите полиња, житја
родни класје,
сите планини, сите реки,
сите птици,
сите новородени фиданки,
сите распукани карпи,
и до што се' живо
родено
од корен до ластар,
од ластар до цвет буен.

И до што е светла искра
од небеса распослана
родина да разубави,
и сите пламнати ѕвезди
снаги бујни
срмени носии,
плетенки развеани,
и вжарена утрена
светлина на срма.

Ене,гледај изнагледај се
Македонка е
бистрина во очи
поглед огледало
убост мајкина.

Роди не' земјо
на било кое поле
рид или планина
оставине,
и од таму оро и песна
ќе воскреснат,
благодет Божја
благословена.

Земјо од сите страни
со вжарени сонца
заградена,
земјо
МАКЕДОНСКА!!!