|

Саво Костадиноски, (Прилеп,2.8.1974)
Еве ја таа земја, тој радосен восхит, убава како цреша, преполна со род, еве ги просторите пред моиве очи, по кои ќе чекорам со немирен од.
Овде ги гледам богатите полја од житните класој, жолти како дрен, кои бујно раснат по полиња ширни, тие што го красат секој убав ден.
Овде, каде шумат зелените гори, каде вечно струи ветерчето тихо, овде бликам в радост и нешто ме гони да & вратам долг со топли стихој.
Зар постои негде ваква лична земја, по која птиците шират вишен лет? О, лична е таа, како цвет во пролет, нема друга таква на овој свет.
|