Среда, 16 Август 2017    Печати
СРЦЕТО НА ТАТКОВИНАТА

tatkovina

Саво Костадиноски

Непрестајно ги слушаш неговите отчукувања,
дури и во сонот кога слатко спиеш,
и знаеш: срцето на татковината е големо,
а во него се срцата наши, во него сме сите ние.

Се наполнило со крвта од сите слеана,
па топлина од него извира, блика, се пени;
ти чувствуваш на душата нешто топло и мило,
од крвта врела што ти тече низ вени...

И кога заспиваш, сеедно каде си низ светот,
таму некаде во далечина или пак тука,
сонот печалбарски пак ти станува сладок,
зашто срцето на татковината во тебе чука!