Среда, 06 Септември 2017    Печати
Вечен непокор

(Посветено на прадедо ми Костадин војводата,
на дедо ми (по мајка ) Дамјан – илинденец – и на татко ми Сергеј –  учесник на Сремскиот фронт)

Одамна се уверив дека гените не лажат
во крвта ми ѕунат со комитски глас,
во свеста се ехо на илинденец борец
и на авноец слободоносец за сите нас.

Но како потомок пишував верно
татковински чувства во стихови леев,
македонствував  така жилаво и гордо
кога жалосно плачев и кога среќен пеев.

Ја ценам сечија голема храброст
во тоа е и непокорот на Македонија,
посебно ги ценам смелите борци
тие кои слободата не ја досонија.

SavoKostadinovski
Саво Костадиноски