Среда, 27 Септември 2017    Печати
Рожба

Се родила
и постоела
од памтивека.
Се родила
на југ од Балканот
позлатена.
Се родила
и библиски вдахната
од Бога
благословена.
Иако од проклетници
проколната
остана непокорна
клетви не ја фаќаат
на душмани
в пазуви им се враќаат.
Ја газеле со години и векови
не ја прегазиле и уништиле.
Македонија стои гордо
Македонец каде и да е
таму македонски се збори
се вее знамето на Александар
и неговиот духот во нас живее:
Македонија на Македонците.

marija-aleksandrova
Марија Александрова

(Сиднеј, 8 Септември 2017)