Среда, 08 Ноември 2017    Печати
ПЕСНА СО ИСТРАЈ НА КОМИТСКИ ДУХ

slusam-kaj-sumat-sumite

(Инспириран од песната
„Слушам кај шумат шумите“
фантастична преработка на
музичкото дуо Next Time на браќата
Мартин и Стефан Филиповски)

О, војводи храбри Македонци славни
во дослух сум веднаш со Илинден светол
светол како сонце во убав ден
штом гласот на зурлите успеа
во мене да пробуди комитски ген
востанички ме разбрани ко немирно море
и топотот на коњите во стрес и бес
ме разбрани и гласот на тапан што грми
небаре се истрел на куршум врел
та во мене екот е посебен ек
илинденски слики пред очи да гледам
илинденска историја од пред еден век.

О, другари верни, Македонци смели
со војводи челни во нерамен бој
вие се боревте со срце и душа
за слобода мила или за смрт
а песната комитска сѐ уште е сведок
поттикнува радост кога се слуша
но денес штом допре до моиве сетила
чинам како пред мене за миг да се створи
комита војник со нога да стапна
та тогаш замаен сиот во занес
не издржа чувство, се претвори во облак
по небото ширно на очиве мои
и потајум солза од око ми капна.  
 
О, комитска песно непресушна реко
гордост си за секој којшто те слуша
песна си со завет за потомци идни
песна си од која непокор звучи
песна си што бодри комитска душа
затоа си вечна со бунтовен сјај
затоа те пееме и ќе те пееме
милозвучна песно со магичен крај.

Саво Костадиноски