Среда, 20 Декември 2017    Печати
На Татковината

SavoKostadinovski
Саво Костадиноски

(Минхен,10.1.1973)

Татковино, извору на моите стихови,
се колнам и ти изјавувам свечено:
и милион песни да напишам за тебе -
пак нешто ќе остане недоречено.

И, колку што сум подалеку од тебе,
на печалбарење заминат по светот,
во срцето те носам, а убавината твоја -
најчесто ја споредувам со цветот.