|
Осамен бел галеб на оградата од докот трепереше по преживеаната бура. Посакав да го земам в пазуви и да го стоплам. Оддалеку му ѕирнав во срцето. Му ја видов тагата и му ја допрев празнината. Трагите од осаменост по една изгубена љубов низ бурите и ударите од подивените бранови. Очите со загаснат сјај и нескриена болка. Недолечените рани на премалените крилја. Грдите лузни. Во миг на слабост ми дозволи да му пријдам. Да му се приближам. Пребрзав. И ми одлета. Без да ја почувствува топлината на мојата дланка. Можеби се уплаши од една нова бура. Ја препозна мојата растреперена душа. Изморен од бурите не би преживеал друга. Не го видов никогаш повеќе. А на дофат ми беше...
 Р. Христовска 03.01.2017
|