|
Панде Манојлов
ТИЕ СМЕ
Се стори, се виде! Ќе речете : Така требало да биде!
Сѐ иста некоја тема и ваква и таква, но, само да не нема!
Измислија - ерга омнес! Како Македонија да е од земја, стомне!
Стомне со свирче, раздадено за душа полно водичка од вирче!
Е, не ќе сме тоа! Та не сме малку и не сме троа!
Македонци сме си! Такви какви Бог не дал, но не друг да не меси! |