Среда, 19 Август 2020    Печати
САВО КОСТАДИНОВСКИ: БОТУШЕ, ТИ И ТВОИТЕ ХЕРОИ БОРЦИ

1Savo

САВО КОСТАДИНОВСКИ: БОТУШЕ, ТИ И ТВОИТЕ  ХЕРОИ БОРЦИ

Ботуше, ти и твоите херои борци

темел си на славна сторија,

врз кои, Комити, Илинденци и АВНОЈ ци

изградиле дел од Македонската историја.

Ботуше,ти силен глас на Комитата

Костадин, Војводата, Капиданот смел,

кој храбро се борел со неговите борци

за слобода мила, за денот бел.

Траги тие оставиле како свето писмо

од кое Илинденска светлина сјае,

за селото Ботуше и за Ботушани

а така и за Порече вечно да се знае.