Среда, 14 Октомври 2020    Печати
НАПУШТЕНОТО ОГНИШТЕ

Napusteno Ogniste“НАПУШТЕНОТО ОГНИШТЕ“

Како да ја гледам баба ми

со татко ми во јасли

на самарот од магарето,

роден во мирисот

на селското огниште,

таму далеку во Македонија.

Како да ја гледам таа солза,

жешка ко пламен,

која плаче по својто огниште,

напуштено засекогаш

оти заминав во белиот свет,

негде далеку од Македонија.

Каролина Ристеска

Торонто, Канада