Среда, 12 Април 2023    Печати
САВО КОСТАДИНОВСКИ:НАРОДНИТЕ ПРАЗНИЦИ И ОБИЧАИ ВО МАКЕДОНИЈА

1Savo САВО КОСТАДИНОВСКИ

НАРОДНИТЕ ПРАЗНИЦИ И ОБИЧАИ ВО МАКЕДОНИЈА

 

Со Христовата света рожба,

а со него и христијанската вера,

целиот свет зачекорил

во ново време, во нова ера.

 

Се родиле и низа празници редум,

во чест на Христос и Богородица света.

Ги празнува нив и македонскиот народ,

како сите христијани по цела планета.

 

Кога црковни, кога народни празници;

кога обичаи, познати од века;

ги слави нашиот македонски народ -

со искрена радост постојано ги чека.