Среда, 06 Март 2024    Печати
Македонка Чадиноска: Од небо не сме паднати

41523 Македонка Чадиноска

Од небо не сме паднати

од земја не сме никнати

и ние сме од мајка родени

од мајка Македонка задоени

со македонски приспивни лулеани

на земја македонска проодени

во песни македонски опеани

под небо македонско пораснати

со родната грутка сраснати.