|
Ај,да измислуваме убави зборови! Еве вака: Да биде радост наместо мака. Се што е насилно,свирепо грубо- нека го носи името-љубов! Вистина ставаме наместо лага смеа и веселба наместо тага. Болката нека е ведрина сега, а сите војни да станат шега. Црното нека си остане боја, но,да не тежи во душата твоја... Солзите-мака в срце што носат нека се претворат во капки роса.
Видое Подгорец
|