|

Кој те орал земјо моја та по ниви твои што семе посеал та се родиле клетва и омраза?
Кој длабоко копнал во утробата твоја та насадил зло та толку е тажно да си на ова тло допрени до самото дно?
А тешко е таму да се оди лизгаво е и многу кал, зар ке ги предадеш твоите чеда зар не ке ти е жал? . Зар има уште нешто да се земе, зар потешко има од ова бреме, што ни донесе ова време, во својата земја тугинец безимен да си ти а со корени вековни од искона пуштени.
Зар уште примамливи плод овде виреат, та толку лакомо Кон тебе свртеле очи. не ти даваат почин?
А ти ко топола висока стоиш исправена дувана од ветрот греана од сонцето, истоштена но , глас не пушташ. го шириш своето стебло, единствена и горда мајко наша добра.
Таква си земјо моја. секогаш цврста неповторливо своја.
Се грчиш и трпиш Под налетот на секој Таква си, но постоиш со векој Молчиш не кажуваш збор а твоите чеда немо кон тебе гледат зошто ги снајде беда.
Прибери ги мајко раскажи и песни молитви небесни да се љубат ,сакаат кај тебе да свраќаат .
Искачи ги над планини високи и врвови стрмни влеј и надеж дај и сила Та некогаш силна си била, о.земјо наша мајко мила!
На парчето земјо од тебе што остана, ќе пуштиме корени од битки веќе сме изморени. На твоето огниште Згреј не ,мајко земјо , света убавино, Без тебе сме никојс со тебе сме се наша татковино! |