|
Песни запишани од Наум Ј. Ристески.
Извор вода извираше, малој моме налеваше, и со вода зборуваше:
- Ори водо, бистра водо, што сум бело и црвено, уште да сум црнооко, би ме зело цареоно, цареоно арнатарче; дење, ноќе, азно броит, на утро ми на лов одит, на лов одит, пред двор врвит, и по мене подвикујет: - Ој девојче, добро моје, ај излези на чардаче, да ти вида бело лице, дали веѓи оцрнеле, дали усте подгорело? Девојчица му велеше: - Врви лудо, ти не викај, ја сум било на клаенец, над вода се погледало, ја за тебе не прилича! * Излегов да се прошета низ таа пуста Битола, нив Еврејското маало, што видов едно девојче, едно девојче Еврејче, руса си коса чешлаше, и ја му реков, пак реков: - Оре, деојче, Еврејче, не чешлај коса в недела, туку чешлај ја в сабота, в сабота празник еврејски, в недела празник рисјански, во црква служба се служит. * По друм врват, сејменине, по друм врват, лаф си чинат: -Ќа одиме во Ижишта, во Ижишта кај Никола, да видиме Величето, дали носит гаќи поли, гаќи поли чинтијани, чинтијани и елече, и елече со петлици, дали носит и кондури, и кондури со цвеќиња. * Извикнал Стојан подвикнал, оданде Кала Марија, зад бегоана корија: - Жали ме мајко, плачи ме, оти ме Турци пленија! -Жалам те, синко, плачам те, дури да гламна рашумит, корија да се учинит, ергени шума да сечат, деојки шума да влечат, лисници да и напраат. * Девојче, девојче – гранче јоргованче, гранче јоргованче – црвено јаболче, црвено јаболче – грутка шеќероа, грутка шеќероа – киска босилкоа, киска босилкоа, не стој спроти мене, не стој спроти мене, изгорев за тебе. - Гори лудо гори, и ја така гора, како лен за вода, босилек за сенка. Песни запишани од Ристо Апостолоски. Шетат лудо низ горица зелена, тутун пијет со сребрена цигара, немат лудо с кого да с разговарат, коња јаше с коња се разговарат: - Думај коњу, оба да си думаме, кај што бевме синоќ вечер на конак, тук имаше три девојки убаји. Постарата не беше толку убава, посредњата – сопаши сабја љуби ја! Најмалата – продај си коња, земи ја. * Ој Коцано, девојко, каде ти је татко ти? - Ој, Тодоре, терзијо, татко ми је во гора, да ми берет шума, да ми ранит буби, да ми вијат свила, ќе си везам марама, ќе даруам сватоји. * - Отвори ми, моме, добро, постели ми! - Лудо море лудо, не ти отворуам, не ти постелуам, синоќа си дојде, од Будима града, ти не ми донесе, једен мален бакшиш, једен калап сапун, бело да с еперам, бело да ти одам. * Излегов да се прошетам, низ лозје, низ бело грозје. Там најдов мало девојче, на бел си камен седеше, бело си грозје зобаше. - Девојче, бело фустанче, изгорев моме за вода, кај имат вода студена? - Деј гиди лудо и младо, там долу, долу под село, во ливаѓено косени, тук има чешма шарена, изми се, лудо, напи се, и вамо долу донеси. Од книгата „Македонски народни песни од Порече“ од Татјана Каличанин, Скопје 2006. (Подготви Марко Китевски)
|