Среда, 21 Август 2013    Печати
Мит-идол-историја

(на Методија Андонов-Ченто)

pero-damcevki
Перо Дамчевски-Коцин

Роден предодреден
Храбар борбен и народен
Идол и гениј за народ и нација
За генерации
Вечен спомен незаборавен
Ќе родиш ли татковино
Таков уште еден

Единствен бескомпромисен
Горд чесен и омилен
На неправди никогаш имун
Силен македонски трибун

Прв претседател на Президиум
На обновената ни држава стана
На државноста што се роди пак
Со силен и јасен предзнак
Морал патоказ и идеја
Обединета Македонија

Судбината таква му била
Жртва да падне за земјата мила
Да го вкуси горчливиот долг
На неправдата
Борејчи се за идеалите
За вистината за правдата

Сречен денес не е секој
Да згасне го фрлија в пекол
Монтиран процес фалсификати
Заточение елиминација ликвидација
А зар денес рехабилитација

Роден предодреден
Храбар борбен и народен
Симбол и спомен за народ и нација
За генерации
Вечен симбол не заборавен
Роди роди татковино
Таков барем уште еден