Среда, 30 Октомври 2013    Печати
Песна испеана за убиството на спаијата Моарем-бег, наречен „Ремко“

Убиството на Моарем-бег, било последното револуционерно дело на војводата Дуко Тасев.

Бидејќи годините и изнемоштеноста го притискале, народниот пејач не заборавил да му се оддолжи на овој заштитник на македонскиот народ со оваа песна што и до денешно време се пее во Копачијата.

Оре, Дуко, од Јудово,
доста шета низ Лопушник
со Наќета војводата,
куси Наќе, море, лавчанчето.
го фатија Ремко бегот,
го фатија малкоечко.
Ремко бегот се молеше:
„немој, Дуко, не коли ме,
имам деца многу мали,
имам жена многу млада,
Сакај, Дуко, што ќе сакаш,
остави ми руса глава“.
„Ништо, аго, не ти сакам,
само твојта руса глава“.

spomenik-na-duko-tasev
Споменик на Дуко Тасев