|

Вината не беше наша, таа кај друг се крие, и туѓи прсти тогаш стотонска вина сторија! Но, штом ќе дојде ден, и штом ќе треба, ние за сè ќе и' раскажеме на мајката историја. Започнаа со раце гнасни На народот во душа да му џбараат, но, гневот беше толку нараснат, та, не се сфати волчката им нарав и муцките на ѕверови во овчи кожи, престапничко и плитко лицемерење. Но идат дни, а тогаш и ќе може со грска кал по сурат да ги пернеме. Се почна бунтот! И... не беше обичај да изостанеме. – Не се предадовме! Туку, со крвта на народот обичен Во ИЛИНДЕН НАША содржина кладовме!!! Што ли ќе речете за таа новост? Ќе барате ли тука руски рубли? В Крушево уште феудалот гнетеше И колкав скок? – Изградија РЕПУБЛИКА!!! А беа исто млади колку нас, Сè такви, какви што сме ние. Се бореа, умираа без глас, како што утре, (ако затреба) ќе умреме и ние. Многумина ги нема, но не липам јас, чу ли? Ќе дојдат други, среде дим и жареж. Глеј в овој тука! Знај: тој е Питу Гули, а ти? Ти, секако си Карев!... И... ако требаат пароли – в ред! До месецот ќе кренеме плакати. Слободна сакаме, и без, и без ПРОТЕКТОРАТИ!!!
НИКОЛА Јонков ВАПЦАРОВ
|