|
Илизабета Питулкова
сакав - да заминам во некој си непознат свет каде моите стапалки одамна ги нема и само лицето пред заматеното огледало го одсликува она што мојот поглед го бара , сакав - да ги одминам сите прегради на едно време каде секој дневно оштри стапици ми подметнуват луѓето кои до вчера ми беа браќа, оштрите камења некогаш темели на мојата куќа
сакав- да ги подигнам сите камења кои се стркалале врз моите нозе од одронот на човечката злоба кои тежат повеќе и од гревот на едно лудо време и неуморно ги гмечат моите болни стапала, сакав- да ги соберам сите расфрлани патишта во една и да го составам изгубеното и невидливото да го соберам плодот кој се стркалал по светот засекогаш во мојата кошница да го сочувам сакав - да бидам дете кое не уморно ги претрчува недогледните полјани и носи нов живот на утрото и на топлата постела од изгубената мајка растреперен како лист во нејзината гранка , сакав - да погледнам за последен пат во очите на мојата мајка и сиот овој товар врз моите плеќи да го оставам на прагот каде сега ни камења нема од мојот дом ги нама ни деновите поминати во радост и тага , сакав- пред да заминам со себе да го понесам сиот мој свет кој замене беше единствен и се чувствував жив го имав она што одамна заборавив дека постои јас и моите спомени моите корени, сакав- но заминав и со себе го понесов само моето тело и тешките камења од моите стари темели кои ме заковале во едно време замене нодопирливо засекогаш отуѓено од она моето јас , сакав- да заминам во некој си непознат свет далеку каде моите стапалки одамна ги нема на тлото на една земја каде ќе се наречам дете и ќе бидам човек и ќе знам дека постојамÂ
стихозбирка~ КОРЕНИ~ Елизабета К.Питулкова 19-10-2013Â Наградена песна на конкурсот за Здружението на Просветни Работници и Литературни Творци на Република Македонија
|