Среда, 03 Декември 2014    Печати
Нема душа

20-01-Pande Manojlov
Панде Манојлов

Ме турнаа на дното,

под дното,

во пеколот

ме турнаа Моите,

длабоко закопан

во моите идеали...

Ми ставија

сечило од `рѓосана кама

на гркланот,

полн револвер сиромаштија

на левата страна

до срцето...

Си го гледав ликот

во огледалото на смртта,

но пред мене беше,

секогаш високо

пред мене беше -

Татковината!

И кога

и тоа не им помогна,

ме врзаа пред прозорецот

во занданата

да ја гледам Реката

во која истекува мојот род...

Да  ги гледам возовите,

автобусите,

авионите,

бродовите,

полни неповрат

со Македонци!

И да ги чувствувам нив,

моите апсанџии

од Мојот род

летнатти слепи

во височините

на силата и моќта ...

Не издржа

душата:

ја снема во мене,

ја нема, Нема,

засрамена од срамот

на сопственото ропство.