|

Заминав како дете во непознат крај каде со години моите стапалки после мене се губеа и секој нареден чекор место напред тие назад ме враќаа на тлото на моите корени каде одсјајот од заматеното огледало го одсликуваше само она што мојот поглед со години го бараше - мојата земја, заедно со моето изгубено детство за љубовта кон мојата татковина за радоста на мојата мајка и сонот за убавините на мојата Македонија за времето кое никогаш не се враќа.
Пораснав и се вратив земјо моја на тлото од моите корени на земјата каде мојата мајка црна грутка во пазуви зеде и пред да замини аманет ми остави не заборавај чедо мое тивко ми рече негувај го коренот каде израсна само така ќе знаеш дека постоиш и ќе бидеш горда Македонка и сега кога пред вас стојам под боите на моето знаме јас чувствувам дека и Македонија се гордее со нас Елизабета Питулкова
песна од стихозбирката ~КОРЕНИ ~07 септември 2013 Песна на Поетското читање во Порта Македонија по повод 8-ми Септември ~ 22 години независна Македонија ~ |